Во рамки на истрагата за случајот поврзан со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), обезбедени се уште четири лица кои претходно биле недостапни за органите на прогонот.
Двајца од осомничените денеска беа изведени пред судија на претходна постапка. За едно лице е определена мерка притвор, додека за вториот осомничен се изречени мерки за обезбедување на неговото присуство во постапката.
Преостанатите двајца осомничени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во текот на утрешниот ден, по што ќе биде одлучено и за мерките што ќе им бидат определени.
Надлежните институции засега не соопштуваат дополнителни детали за текот на истрагата.








