домаМакедонијаВтор уписен рок за средно образование на 23 јуни, слободни над 11...

Втор уписен рок за средно образование на 23 јуни, слободни над 11 илјади места

- Advertisement -spot_img

Учениците кои не успеаја да се запишат во средно образование во првиот јунски уписен рок за учебната 2026/2027 година ќе имаат нова можност на 23 јуни, кога ќе се реализира второто електронско пријавување. Потребната документација ќе се доставува до училиштата следниот ден, на 24 јуни.

Според Конкурсот на Министерството за образование и наука, ранг-листите со резултатите од запишувањето ќе бидат објавени на 25 јуни до 12 часот, на огласните табли и/или на интернет-страниците на училиштата.

Во училиштата каде што ќе има кандидати со ист број бодови, ќе се организира квалификациско тестирање. За вториот јунски рок тестирањето е закажано за 29 јуни, а конечните ранг-листи ќе бидат објавени истиот ден.

МОН информира дека за второто пријавување остануваат слободни вкупно 11.882 места. Од нив, 7.404 се за настава на македонски јазик, 4.002 за настава на албански, 456 за настава на турски и 20 места за настава на српски јазик.

Во првиот уписен рок, кој се реализираше преку електронско аплицирање од 12 до 15 јуни, се пријавиле 15.075 ученици, а успешно се запишале 13.397.

Од запишаните ученици, 9.813 ќе следат настава на македонски јазик, 3.357 на албански, 213 на турски и 14 на српски јазик.

Според видот на образованието, во гимназиско образование се запишале 4.278 ученици, од кои 3.010 на македонски, 1.165 на албански, 89 на турски и 14 на српски наставен јазик.

Во стручното образование се запишани 8.910 ученици – 6.653 на македонски, 2.133 на албански и 124 на турски наставен јазик.

Во уметничкото образование од областа на музичката уметност се запишале 209 ученици, од кои 150 на македонски и 59 на албански наставен јазик. Процесот на селекција за ликовна уметност сè уште е во тек.

Квалификациско тестирање по првиот уписен рок ќе се спроведе во секторот здравство и социјална заштита, за насоката фармацевтски техничар на албански наставен јазик во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ во Скопје. Кандидатите на 22 јуни ќе полагаат тестови по биологија и хемија според наставните програми од осмо и деветто одделение.

Во дел од средните училишта веќе нема слободни места. Конкурсот за гимназиско образование на македонски наставен јазик е завршен во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола, како и во скопските гимназии „Георги Димитров“, „Раде Јовчевски-Корчагин“ и „Никола Карев“. Пополнети се и местата во средните училишта „Методи Митевски-Брицо“ во Делчево, „Наум Наумовски-Борче“ во Пробиштип и „Методи Митевски-Брицо“ во Скопје.

Министерството објави и листа на стручни училишта во кои конкурсот е веќе затворен, поради што тие нема да примаат нови апликации во вториот јунски уписен рок.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img