домаМакедонијаБензинот поевтин за 4, дизелот за околу 7 денари

Бензинот поевтин за 4, дизелот за околу 7 денари

- Advertisement -spot_img

Цените на горивата од понеделник би можеле значително да се намалат, најави премиерот Христијан Мицкоски, повикувајќи се на пресметките на Владата и на движењата на светскиот пазар.

Според неговите очекувања, бензините треба да поевтинат за околу четири денари за литар, додека цената на дизелот би можела да се намали за приближно седум денари.

„Ние правевме наши пресметки, иако вредноста на доларот е малку зголемена. Очекувам во понеделник бензините да се намалат за околу четири денари, а дизелот за околу седум денари“, изјави Мицкоски.

Конечната одлука ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, која секој понеделник ги утврдува највисоките малопродажни цени врз основа на берзанските движења, курсот на доларот и другите елементи од методологијата.

Со последната одлука на РКЕ, Еуросупер БС-95 и Еуродизел се продаваат по 87,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 чини 90 денари.

Мицкоски очекува стабилизирање на светскиот пазар по најавите за финализирање на мировните разговори меѓу САД и Иран и постепено нормализирање на транспортот на нафта низ Ормутскиот теснец.

Тој, сепак, предупреди дека поевтинувањето на светскиот пазар нема веднаш целосно да се почувствува, бидејќи на танкерите им е потребно време да стигнат до крајните дестинации и да ги обноват испораките.

Според неговите проценки, доколку кризата продолжи да се смирува, цената на нафтата до крајот на годината би можела да се стабилизира меѓу 70 и 80 долари за барел.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img