Продолжуваат средбите и разговорите меѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ за реконструкција на владата.
Се кројат списоците за замена на министри и на директори. Кој ќе остане, а кој ќе биде сменет, засега не се открива, но извесно е дека треба да се пополни празното место на Фетаи во ресорот добро владеење, откако тој поднесе оставка од функцијата.
За денеска се очекуваат првичните информации за текот на разговорите.








