домаМакедонијаГужви на „Богородица“ и „Дојран“: се чека околу 40 минути за излез...

Гужви на „Богородица“ и „Дојран“: се чека околу 40 минути за излез од државава

- Advertisement -spot_img

На граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ е забележана зголемена фреквенција на возила, при што времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од таму велат дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту при влез, ниту при излез од државата.

Според информациите на АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози.

Препораки за возачите

АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.

Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои можност од појава на одрони.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img