домаСпортФранцузите гневни поради теренот на кој ќе се игра финалето на Мундијалот!

Французите гневни поради теренот на кој ќе се игра финалето на Мундијалот!

- Advertisement -spot_img

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/

Кога некој се жали, можеби не е во право. Но, кога ќе пристигне третата критика – тогаш веќе има нешто таму. Винисиус прво се пожали на теренот на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси, на кој ќе се игра и финалето на Мундијалот, а сега критиките доаѓаат од редовите на Франција.

Адриен Рабио се пожали по победата на Франција против Сенегал (3:1) на состојбата во која се наоѓа теренот.
„Тревникот …Па, не знам дали воопшто може да се нарече така. Повеќе е како вештачка подлога. Доста е тврда“, рече Рабио по натпреварот.

Францускиот селектор Дидие Дешамп го кажа истото, велејќи дека подлогата е „специјална“.
„Веројатно има бетон под него, а влакната се многу кратки“, рече Дешамп и истакна дека подлогата е различна од онаа на која се играше Светското клупско првенство минатото лето, на истиот стадион.
„Топката отскокнува малку поинаку“, додаде Дешамп и рече дека неговиот тим, како и другите, се прилагодува на условите.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img