домаМакедонијаШеесетина ученици се фатени како препишувааат на државната матура

Шеесетина ученици се фатени како препишувааат на државната матура

- Advertisement -spot_img

Шеесетина ученици се фатени како препишувааат на државната матура и тие веднаш биле исклучени од полагањето. Тие ќе имаат можност да полагаат во следниот испитен рок во август, кажа денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Според Јаневска, бројот на ученици што биле отстранети од испитите поради препишување е значително намален во споредба со претходните години. Од двата испитни термина отстранети се шеесетина ученици, што покажува дека има одличен напредок во спроведувањето на матурата – нагласи министерката.

Според Јаневска, државната матура оваа година е спроведена во најдобар ред, со значително намален број на случаи на препишување.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јаневска оцени дека организацијата на полагањето била на високо ниво, при што повеќето од учениците испитите ги полагале совесно и без злоупотреби.

Можеме да се пофалиме дека оваа година државната матура помина во најдобар ред и мир, организирана така како што треба, во најголем дел во големи простори, каде што учениците немаа можност да прибегнат кон нелегални дејства – рече Јаневска.

Министерката истакна и дека годинава е воведен нов пристап во полагањето, со два типа на матура во зависност од наставните планови и програми, со што, како што рече, е исправена досегашната нерамноправност меѓу учениците.

Вкупно 14.587 матуранти беа пријавени за полагање на испитите со кои го заокружуваат средното образование и стекнуваат услов за продолжување на високообразовните установи или за вклучување на пазарот на трудот.

Матурантите на 6 јуни го полагаа првиот од двата екстерни испити – странски јазик, математика или историја, во зависност од избраниот тип на матура. Вториот екстерен испит, по мајчин јазик, беше на 11 и 12 јуни.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img