домаМакедонијаМери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез...

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“

- Advertisement -spot_img

Со декрет на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, на адвокатката и поранешна министерка за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, ѝ е доделено високото државно признание орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“.

Одликувањето на Младеновска-Ѓорѓиевска ѝ го врачи амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Н.Е. Паоло Палминтери, на свеченост организирана во италијанската резиденција.

„Чест ми е што можам да ѝ го врачам ова признание на Мери Младеновска-Ѓорѓиевска за нејзината работа и исклучителниот придонес во унапредувањето на институционалната, економската и правосудната соработка помеѓу Италија и Северна Македонија. Нејзиниот придонес е пример како стручноста, интегритетот и духот на соработката можат суштински да придонесат во зајакнувањето на институционалните врски и разбирањето меѓу нашите држави“, рече амбасадорот Паоло Палминтери.

Тој нагласи дека како министерка за правда таа дала значаен придонес во спроведувањето на правосудните реформи и во усогласувањето на правосудниот систем на Северна Македонија со европските стандарди.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img