домаМакедонијаНовата фабрика во Жабени ќе произведува спортска опрема за спортови на вода...

Новата фабрика во Жабени ќе произведува спортска опрема за спортови на вода и ветер

- Advertisement -spot_img

Во Жабени вчера се отвори втората фабрика лоцирана во Индустиската зона која ќе произведува спортска опрема за спортови на вода и со ветер. На свеченото отворање присуствуваше премиерот Христијан Мицковски кој низ своето обраќање посочи на поддршката на владата кон вакви инвестициски проекти.

Kaко што пренесува ТВ Тера, “Брејнчајлд“ ќе инвестира 11 милиони евра, а производството над 90% е за извоз. Ќе се вработат 250 вработени кои овде ја започнуваат или продолжуваат својата професионална кариера.

Ова е проширување што го прави инвеститорот Ралф Гросел, кој во 2020 година овде го отвори својот истражувачки центар каде се направија прототипи на кајтови, крила и друга опрема за спортови на вода и ветер кои ќе се произведуваат во новиот погон.

„Денеска имаме приватна иницијатива која што на почетокот на оваа Влада започна со процесот на реализирање на оваа инвестиција и еве денеска сите сме сведоци, а и слушнавте од сопственикот на овој објект дека станува збор за една ретка инвестиција за производи кои што кај нас не така често се користат, а во светот се користат во делот на спортовите на вода, така што нас како Влада ни претставуваше особена чест и задоволство да можеме да поддржиме една ваква инвестиција каде што веќе околу 230 луѓе се вработени, инвестиција во вкупна вредност од околу 11 милиони евра и на тој начин да продолжиме да поддржуваме инвестиции кои што ќе бидат додадена вредност во македонската економија“ рече премиерот Мицкоски.

Новата фабрика во ИЗ Жабени е класичен пример на т.н ОЕМ произодство – производител на оригинална опрема во која едната компанија сместена во индустриска Битола досега произвела преку 200 прототипови на оваа опрема за специфичните спортски дисциплини, а производната компанија веќе работи на нивно производство и продажба низ светот. Во најава е изградба на уште еден дел од фабриката споен до овој објект што ќе биде распослан на 2.500 метри квадртни и нови вработувања.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img