Граѓани кои ја користат апликацијата МојДДВ реагираат дека од вчера забележале проблем, односно не можат да ги скенираат фискалните сметки. Тие нагласуваат дека при обид да влезат во апликацијата, им се појавува известување дека нема конекција до УЈП.
Од Управата за јавни приходи пред малку соопштија дека МојДДВ функционира со повремени забавувања. „Нашите тимови активно работат на утврдување на причините и на надминување на предизвиците, со цел што поскоро да се обезбеди нејзино непречено функционирање. Ви благодариме за трпението, разбирањето и довербата.“, известија од УЈП.








