домаМакедонијаВИДЕО: Запленети 312 пури на Табановце, кривична пријава за возач на автобус

ВИДЕО: Запленети 312 пури на Табановце, кривична пријава за возач на автобус

- Advertisement -spot_img

Царинските службеници на граничниот премин Табановце запленија поголема количина пури во вредност од околу 4.000 евра, кои биле сокриени во автобус што влегувал во државата. За случајот е поднесена кривична пријава против македонски државјанин со иницијали К.Б., осомничен за кривично дело криумчарење.

Според информациите од Царинската управа, лицето е возач на автобус и е вработено во компанија која врши меѓународен патен превоз.

Мобилен царински тим од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, го издвоил автобусот за детална контрола на влез во државата. При прегледот, под седиштата и во фабрички шуплини биле пронајдени вкупно 312 пури од различни производители.

Проценките покажуваат дека со обидот за нелегален внес биле избегнати давачки во износ од 174.900 денари. Запленетите акцизни производи ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот, согласно наредба на Основното јавно обвинителство во Куманово.

Од Царинската управа информираат дека продолжуваат со засилени контроли на граничните премини со цел сузбивање на нелегалната трговија со акцизни производи, заштита на буџетските приходи и обезбедување фер услови за работа на легалните економски субјекти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img