домаМакедонијаСиљановска-Давкова на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од...

Сиљановска-Давкова на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од ПСЈИЕ во Софија, предвидена средба со Јотова

- Advertisement -spot_img

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска (10 јуни 2026 година, среда) во Софија, Република Бугарија ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ).

Таа ќе се обрати на пленарната сесија на тема „Компас кон стабилност, безбедност и одржливост“.

Домаќин на самитот е претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова. Покрај македонската претседателка, на самитот ќе учествуват и Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу, претседателката на Репубика Словенија, Наташа Пирц Мусар, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседателот на Владата на Република Молдавија, Александру Мунтеану, министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, министерот за надворешни работи на Република Грција, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ-Радман и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Амер Капетановиќ.

На маргините на самитот, предвидени се билатерални средби на Сиљановска-Давкова со претседателката на Република Бугарија, Илијана Јотова и со в.д. претседателката на Република Косово, Албулена Хаџиу.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img