Горан Закариќ од Вардар е играчот на сезоната за 2025/26 според “СпортСпорт“. Не дека мора од шампионот да доаѓа најдобриот, туку и дека офанзивиот играч за врска на Вардар едноставно го заслужи тоа со своите игри, 11-те постигнати голови во шампионатот. Јасно им е на сите дека тој беше “командантот“ во играта на тимот кој по пауза од шест години повторно си ја врати титулата.
Покрај него во тимот на сезоната од Вардар се Матиќ, Јанкулов, Цветковиќ и Омерагиќ. Сите тие и тоа како придонесоа за успехот на нашиот најтрофеен клуб.
Од Силекс тука се голманот Љупче Џеков и Мигуел Пиреш. Од Шкендија во тимот на сезоната се Роналдо Вебстер и Имран Фетаи, а од Струга ТЛ тука се Бојан Илиевски и Христијан Малески.
Секој избор е работа на вкусови, а ова е изборот на “СпортСпорт“.
ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА
ГОРАН ЗАКАРИЌ
Тим: Вардар
Роден: 07.11.1992 во БиХ
Кариера: Козара, Широки, Динамо З, Локомотива З, Зрињски, Славен Белупо, Железничар, Партизан, Крајова, Борац Бања Лука, Оход, Задар, Еоликос, Вардар








