Либеро Бенд оваа година одбележува значаен јубилеј и тоа 15 години успешно музичко творештво и настапи.
Токму по тој повод, бендот најавува серија специјални проекти кои ќе бидат реализирани во текот на годинава, како вовед за големиот јубилеен настан планиран за крајот на 2026 година, круна на нивното петнаесетгодишно музичко патување.
Првиот од најавените проекти ќе ја доживее својата премиера на 17 јуни на официјалниот YouTube канал на Либеро Бенд.
Станува збор за уникатен музички проект снимен во просториите на Skopje City Mall, кој обединува дел од најубавите македонски поп песни во едно несекојдневно музичко доживување. Изведени во живо и обработени на препознатливиот начин на Либеро Бенд, песните добиваат нова енергија и современ музички израз.
Снимен низ ходниците и амбиентот на Skopje City Mall, проектот носи модерна визуелна приказна, динамична атмосфера и свеж пристап кој совршено ја надополнува музиката. Публиката ќе има можност да ужива во внимателно избран репертоар составен од безвременски македонски хитови, претставени низ емоцијата, енергијата и автентичноста по кои бендот е препознатлив.
Овој проект е само почеток на низата изненадувања што Либеро Бенд ги подготвува во чест на својот голем јубилеј. Во периодот што следува, бендот ќе претстави уште неколку значајни музички проекти, кои ќе кулминираат со голема прослава за 15 години постоење.
Следете ги официјалните канали на Либеро Бенд и бидете дел од приказната што веќе 15 години ја создаваат преку музика, емоции и незаборавни настапи.








