Најголемиот музички фестивал што ќе се одржи ова лето на 8 август во Битола на Ракометното игралиште под отворено небо, ќе биде С.О.С. фестивал, кој не е само музички настан со внимателно избрана концертна програма, туку и своевиден симболичен повик на музичка борба за спас против турбофолкот, шундот и кичот, што би рекол познатиот македонски шоумен и блузер, Игор Џамбазов.
Први учесници на С.О.С. фестивал ќе бидат предводниците на новата урбана генерација – 2БОНА, кои со години го држат врвот на македонската трап сцена. По целосно распродаденaта арена Јане Сандански во Скопје еве ги Кун и Тонито и во Битола. 2БОНА кои со нивните хитови со години доминираат кај младата популација ce подготвени да ви приредат уште една незборавна вечер и да понудат музика вдахновена од новите светски современи музички трендови.
На 8-ми август, Битола ќе пулсира во ритамот на С.О.С. фестивал е во организација на „Fresh Union – Film, Music and Booking Agency“ и проект во рамките на БитФест 2026 поддржан од Општина Битола и Министерството за култура на Македонија.
Влезниците за С.О.С. фестивал се веќе пуштени во продажба по промотивна цена до 10 јуни 2026 и можат да се набават онлајн на www.wayin.mk и продажните тобака на Димпо Тобако (Широк Сокак), Гроздо, Ленски мост, Нов Пазар и Tobacco Brothers (Широк Сокак).








