домаСветСпектакуларна огнена топка над Масачусетс: Метеор се распадна со брзина од 120.000...

Спектакуларна огнена топка над Масачусетс: Метеор се распадна со брзина од 120.000 км/ч

- Advertisement -spot_img

Метеор кој се движел со брзина од неколку десетици илјади километри на час предизвикал силен тресок и поддрхтување на тлото, кое вчера попладне се почувствувало ширум сојузната држава Масачусетс.

Американската вселенска агенција НАСА потврди дека над таа држава во 14:06 часот по локално време пролетала огнена топка, односно исклучително сјаен метеор. Се проценува дека се движел со брзина од околу 120.000 километри на час и дека при распадот ослободил енергија споредлива со експлозија на приближно 300 тони ТНТ.

„Се чини дека се распаднал на висина од околу 64 километри над североисточниот дел на Масачусетс и југоисточниот дел на Њу Хемпшир“, соопшти НАСА. Од НАСА исто така наведоа дека појавата не е поврзана со ниту еден активен метеорски дожд и дека станува збор за природен објект, а не за вселенски отпад или сателит кој повторно влегол во Земјината атмосфера.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img