Турскиот селектор Виченцо Монтела се обидува да има свеж и здрав тим за Мундијалот и затоа многумина од играчите кои имаа напорна сезона за своите клубови работат под посебен режим. Од супер ѕвездите на Турција се чини дека само Арда Ѓулер од Реал Мадрид ја има потребната свежина и форма со оглед на тоа дека Кенан Јилдиз од Јувентус, Керем Актуркоглу (Фенербахче) и Хакам Чалханоглу од Интер имаат посебен режим и тренираат одделно од екипата.
На ситни повреди се жалат и фудбалерите Ферди Кадиоглу и Мустафа Ескихелач. Тоа е најава дека сите овие може и да бидат гледачи на дуелот со Македонија па така Монтела да им даде шанса на играчите кои се во втор план. Главниот тест пред настапот на Мундијалот Турција ќе го има на 7 јуни на Флорида каде игра со селекцијата на Венецуела додека првиот меч на СП го играат со Австралија на 14 јуни.
Турскиот национален тим преку баражот и победата над Косово избори пласман на Светското првенство кое за нив е прво по цели две децении. Оваа генерација на фудбалери има и квалитет и капацитет да го повтори успехот на генерацијата која беше „бронзена“ од Мундијалот во 2002 година.








