Земјотрес со јачина од 2.2 степени според Рихтер денес ја погоди Босна и Херцеговина, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според соопштението, земјотресот се случил во 19:20 часот, а засега нема информации за материјална штета или повредени лица.
Да потсетиме, неколку дена претходно бил регистриран посилен земјотрес со јачина од 3.8 степени, кој го погодил подрачјето на Херцеговина, со епицентар во близина на Требиње.
Тој земјотрес бил почувствуван и во поширокиот регион, вклучувајќи делови од Црна Гора и Хрватска, а граѓаните пријавиле кратко, но силно тресење на земјата.
Експертите продолжуваат да ја следат сеизмичката активност на територијата на Босна и Херцеговина.








