Од сабота, 30 мај 2026 година, повторно се воспоставува железничката линија меѓу Солун и Лерин, соопшти Hellenic Train.
Компанијата информира дека ќе сообраќаат две директни двојки дневни возови на релација Солун – Воден – Лерин и обратно, со редовни меѓустанични застанувања.
Од Солун кон Лерин:
Воз 731: поаѓа во 10:40, пристигнува во 13:44
Воз 733: поаѓа во 13:55, пристигнува во 17:01
Од Лерин кон Солун:
Воз 730: поаѓа во 06:45, пристигнува во 09:49
Воз 732: поаѓа во 14:15, пристигнува во 17:21
Меѓустаниците на линијата вклучуваат: Синдос, Адендро, Плати, Александрија, Верија, Науса, Скидра, Едеса, Арниса и Аминдео.
Се истакнува дека на 30 мај возот 730 од Лерин кон Солун ќе сообраќа со автобуски превоз, со исти меѓустанични точки, а од 31 мај ќе биде воспоставен редовен железнички сообраќај.
Воедно, возовите Солун – Едеса (1735 и 1736) добиваат нови термини на поаѓање и пристигнување, при што 1735 поаѓа во 18:30, а 1736 во 20:45 часот.
Со обновувањето на линијата се укинуваат и заменските автобуски линии на релацијата Едеса – Лерин – Едеса.
Од Hellenic Train посочуваат дека повторното воспоставување на сообраќајот придонесува за подобра регионална поврзаност и одржлива мобилност.








