Парламентот на Словенија денеска го избра лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша, за нов премиер со 51 глас „за“ и 36 „против“.
Со ова, Јанша доби мандат за составување на својата четврта влада, која ќе биде 16 влада на Словенија.
По изборот, Јанша положи свечена заклетва пред пратениците дека ќе го почитува уставниот поредок и ќе работи во интерес на државата.
Лидерот на СДС претходно потпиша коалициски договор со партиите Нова Словенија, Словенечка народна партија, „Фокус“ и „Демократи“.
Меѓу главните приоритети на новата влада, Јанша ги најави економскиот развој, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и децентрализацијата и дебирократизацијата.
Новата влада треба да ја наследи администрацијата на Роберт Голоб, кој и покрај победата на изборите во март, не успеа повторно да формира коалиција.








