домаСпорт„Засрами се, земаш милиони, а играш детски игри!“

„Засрами се, земаш милиони, а играш детски игри!“

- Advertisement -spot_img

Елиминацијата на Панатинаикос од Евролигата предизвика хаос во Грција, а во центарот на скандалот се најде Најџел Хејс-Дејвис.

Американскиот кошаркар, по поразот, објави порака на социјалните мрежи во која порача дека „возрасни луѓе плачат поради детска игра“, што веднаш предизвика бес кај навивачите на Панатинаикос.

Најгласен беше легендарниот Ибрахим Кутлај, поранешен европски шампион со грчкиот гигант, кој жестоко го нападна кошаркарот.

  • Детска игра? Добиваш пет милиони евра од таа „детска игра“. Земаш милиони, а потоа велиш дека не ти е грижа? Загубивме, остани достоинствен, извини се и засрами се! – порача Кутлај.

Тој дополнително го нападна Хејс-Дејвис и поради патувањата што ги имал непосредно пред плејофот.

  • Одеше во Индија и во Јордан наместо да се подготвуваш. Такви работи се прават кога ќе го победиш Олимпијакос во финале, а не пред најважните натпревари – изјави Турчинот.

Кутлај порача дека играњето за Панатинаикос носи огромна одговорност и дека навивачите во Атина живеат за клубот.

  • Излези на улиците на Атина и види дали мислат луѓето дека е детска игра ова. Не е толку лесно – заклучи тој.

Во спорната објава, Хејс-Дејвис напиша дека „возрасните го губат умот околу детските игри“.

  • Внимавајте на својот јазик на овие апликации и како ме нарекувате, освен со името што ми го даде мајка ми. Овој спорт нуди убави моменти, но и мрачни. Сега секој е Дејв Шапел и мисли дека последната насмевка е најслатка, иако не е така. Само знајте дека секоја глупост се враќа, тоа е секојдневен циклус. Гледам многу лошо однесување, но запомнете дека секое куче има свој ден – напиша Дејвис на „Инстаграм“.
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img