Фудбалскиот клуб вардар под истрага за недолично славење…фудбалската федерација на македонија отвори дисциплинска постапка против најтрофејниот македонски клуб…Одлуката следува откако фудбалерита на вардар, за време на прославата на првата шампионска титула по шест години, пееја навредливи и вулгарни песни…
Фудбалска федерација на Македонија
„Се поведува дисциплинска постапка против ФК Вардар поради недолично, потценувачко, дискриминирачко и деградирачко прославување од страна на фудбалерите на клубот. “
Комуниколозите пак велат дека мора да се знае каде е линијата помеѓу слободата на говор и говорот на омраза…На потег се сега институциите, за да се спречи дискриминацијата која со децении е присутна во општеството..
Бојан Кордалов – комуниколог
„Ситуацијата е јасна, постојат закони, постојат процедури и едноставно било кое омаловажување не е предмет на јавно мислење или дискусија туку е предмет на постапување. Надлежните институции , ослободени од политика, треба да решат и да донесат одлука не за да ги казниме масовно тие што го правеле тоа туку за да спречиме во иднина вакви работи.“
По освоената шампионска титула, прославата на фудбалерите на Вардар беше засенета од инцидент кој предизвика силни реакции во јавноста… На социјалните мрежи се прошири бран од поддршка за пејачката Каролина Гочева, откако беше објавено дека дел од играчите за време на славењето пееја вулгарна песна на нејзина сметка, во која била спомнувана и Битола. ..Министерот за спорт Борко Ристовски го критикуваше однесувањето на фудбалерите, упатувајќи јасна порака дека вакви постапки не смеат да бидат дел од јавната прослава, и побара клубот јавно да се извини.








