домаСветЛибанскиот претседател вети дека ќе го направи „и невозможното“ за да ја...

Либанскиот претседател вети дека ќе го направи „и невозможното“ за да ја запре војната со Израел

- Advertisement -spot_img

Либанскиот претседател Џозеф Аун денеска вети дека ќе го направи и „невозможното“ за да ја запре војната со Израел, кој ги продолжува своите воздушни напади и покрај примирјето и планираните нови преговори во Вашингтон, на кои проиранското исламистичко движење Хезболах се противи.

„Моја должност и моја одговорност е да го направам невозможното за да ја запрам војната против Либан и неговиот народ“, изјави Аун. Тој посочи дека преговорите меѓу Либан и Израел имаат за цел, пред сè, повлекување на израелските сили од Јужен Либан и враќање на раселените луѓе.

По преговорите во петокот меѓу двете земји, кои немаат дипломатски односи, САД објавија 45-дневно продолжување на примирието, кое требаше да истече во неделата. Стејт департментот соопшти дека ќе организира нов круг преговори на 2 и 3 јуни.

И покрај примирјето, Израел денеска ги продолжи нападите врз неколку градови во Јужен Либан, јави либанската национална новинска агенција ННА. Израелската армија повика на евакуација на три града во регионите Тир и Набатие. Во израелските воздушни напади врз Баалбек во источниот дел на земјата вчера беа убиени седум лица, меѓу кои и шефот на палестинскиот „Исламски џихад“ – сојузничка група на Хезболах.

Либанското движење Хезболах, кое ги отфрла директните преговори меѓу Либан и Израел, денеска потврди дека насочило борбен дрон кон Северен Израел. „Како одговор на израелското прекршување на прекинот на огнот, Хезболах со помош на борбен дрон нападна дел од ’Железната купола’ – израелскиот систем за противвоздушна одбрана – во еден воен камп“, се вели во соопштението на проиранското движење. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img