Овој викенд во водите на Охридското Езеро, со централна локација во Автокамп Градиште, успешно се реализираше голема регионална еколошка акција за чистење на подводниот свет, во организација на Нуркачкиот Центар Амфора.
Во акцијата учествуваа вкупно 80 нуркачи од Македонија, Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, обединети со заедничка цел – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа.
Во текот на акцијата беше отстрането големо количество отпад од дното на езерото, со што уште еднаш се испрати силна порака за значењето на еколошката свест, заштитата на природата и регионалната соработка.








