Министерот за надворешни работи на Сиера Леоне, Тимоти Каба изјави дека земјата ќе прими стотина западноафрикански мигранти депортирани од САД.
Тој додаде дека тоа е во согласност со потпишаниот билатерален договор за миграциска политика помеѓу Фритаун и Вашингтон, со кој се предвидува Сиера Леоне да прифати до 300 мигранти депортирани од САД, но максимално 25 лица месечно.
Првиот лет со депортирани мигранти во Сиера Леоне ќе пристигне на 20 мај, со 25 државјани на Сенегал, Гана, Гвинеја и Нигерија.
САД и претходно депортираа миграбти од трети земји и други африкански држави, меѓу кои од Демократска Република Конго, Камерун, Екваторијална Гвинеја и Есватини, што предизвика критики од организациите за човекови права поради правната основа на таквиот трансфер.








