СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело “разбојништво во обид”.
Од МВР информираат дека ноќеска во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Ѓ. и при извршен претрес со Наредба од основен суд Битола во неговиот дом бил пронајден и одземен пиштол.








