Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево, изјави:
„Ние пред некој ден имавме со новинарите посета на градежните активности коишто се случуваат на автопатот, најпрвин Гостивар-Букојчани, а потоа Кичево-Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам делницата Кичево-Охрид да биде завршена некаде, еве најдоцна да речеме, првиот квартал од следната година, нешто што беше заборавено. Ај што беше заборавено, беше и уништено. Па сега разгледуваме можноста конечно и за таму да има одговорност, зошто тоа така се оставило тоа на забот на времето. А исто така во напредна фаза сме, слушнавте и од самиот изведувач на патот, практично од Гостивар до Букојчани, дека сме во напредна фаза за реализација и на таа делница, веќе би рекол, повеќе од вкупниот број, мислам триесетина километри, мислам дека половината е веќе пробиена. А што се однесува до урбанистичкиот сегмент, целосно имотно-правните односи се заокружени. Така што изведувачот може да работи и да го заврши и тој дел од автопатот.“








