За време на денешниот 16-минутен молк пред Правниот факултет во Белград се случил сериозен инцидент, кога возач со автомобил насилно се обидел да помине низ крстосницата блокирана од студенти и граѓани. Според сведоштва од присутните, возачот најпрво физички нападнал студент, а потоа со возилото удрил и постар маж.
Очевидци велат дека меѓу насобраните настанале паника и хаос. Во метежот било искршено задното стакло од автомобилот, по што возачот се обидел да избега со голема брзина. Сепак, граѓани и студенти успеале да го запрат и да го опколат возилото на аголот меѓу Булеварот и улицата „Десанка Максимовиќ“, по што на местото пристигнала полицијата.
На социјалните мрежи беа објавени снимки од инцидентот и од реакцијата на револтираните граѓани, кои бурно реагирале на односот на полицијата кон осомничениот. Дел од присутните гласно барале тој веднаш да биде приведен, оценувајќи дека станува збор за „обид за убиство“.
„Ова е обид за убиство! Го знаете ли Кривичниот законик? Ставете му лисици! Срам да ви е!“, се слуша на видеата.








