Денес во просториите на Општина Кисела Вода се одржа официјална средба помеѓу градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и амбасадорката на Романија во Македонија, Адела Моника Аксинте.
За време на посетата, градоначалничката ја запозна амбасадорката со тековните проекти и стратешките цели на локалната самоуправа, насочени кон модернизација и подобрување на услугите за граѓаните. Двете страни разговараа за потенцијалот за идна соработка, со посебен фокус на размени во областа на културата, образованието и локалниот економски развој. Воедно, беше истакнато дека заедничката припадност кон франкофонијата е значаен мост кој дополнително ги зближува двете земји и нуди дополнителен простор за продлабочување на пријателските односи.
Амбасадорката Аксинте и градоначалничката ја потврдја заложбата за градење силни партнерства, при што беше истакната важноста на споделувањето на добрите практики од романските општини, особено во делот на искористување на европските фондови за локални проекти.
На крајот од средбата, соговорничките изразија обострано задоволство од денешниот дијалог и ветија дека во претстојниот период ќе продолжат со интензивна комуникација за реализација на конкретни иницијативи кои се од заеднички интерес за Општина Кисела Вода и пријателска Романија.








