домаМакедонијаЗаловен волк среде Капиштец: Бил чуван како домашен миленик

Заловен волк среде Капиштец: Бил чуван како домашен миленик

- Advertisement -spot_img

Волк вчеравечер бил заловен среде скопската населба Капиштец, откако претходно бил забележан како се движи низ населбата со синџир и каивче, што укажува дека бил чуван како домашен миленик. По пријава од загрижени граѓани, на терен веднаш интервенирале екипи на МВР, а потоа пристигнале и стручни служби од ЗОО Скопје и претставници на Град Скопје, по што животното било успешно и безбедно заловено.

Волкот моментално е безбедно транспортиран во Зоолошката градина во Скопје, каде што ќе биде згрижен и ќе му бидат обезбедени соодветни услови и грижа. Во наредниот период ќе престојува во карантин под постојан здравствен надзор од стручни лица.

За среќа, инцидентот завршил без последици, бидејќи станува збор за питомо и мирно животно. Сепак, надлежните уште еднаш апелираат дека чувањето диви животни како домашни миленици е забрането и исклучително опасно. Волците не се миленици и не смеат да се чуваат во несоодветни услови и заробеништво, бидејќи станува збор за диви животни со природни инстинкти и потреби.

Од институциите апелираат граѓаните доколку забележат нелегално чување диви животни, случаите веднаш да ги пријават до надлежните служби.

Од Зоолошката градина испратија благодарност до МВР, Град Скопје, вработените во ЗОО Скопје – Сашо Панчев и Тина Мицковска, како и до сите служби кои учествувале во брзата и координирана интервенција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img