домаХроникаТрагична сообраќајка вечерва, едно лице загина

Трагична сообраќајка вечерва, едно лице загина

- Advertisement -spot_img

Осумдесет и деветгодишен жител на Росоман загина вечерва во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Градско – Прилеп, откако во него удрило товарно возило.

Несреќата се случила околу 18:55 часот во Росоман, а информацијата за МИА ја потврди портпаролката на СВР Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева.

„Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. Од повредите, на местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци“, појасни Милевска Ѓеоргиева.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото врши екипа од ОВР Кавадарци.

Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Градско – Прилеп е во прекин и се пренасочува по регионалните патишта Р103 и Р107.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img