37-годишна жена од Пробиштип затоа што пред околу еден месец, влегла во домот на нејзина сограѓанка и физички ја нападнала, резултирајќи со тешка телесна повреда.
Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела кривична пријава против 37-годишната И.Б. од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 15.04.2026, пријавената влегла во куќа на жена од Пробиштип, физички ја нападнала и ѝ нанела тешка телесна повреда.








