домаМакедонијаАцо Витанов е во притвор, осомничен е за убиство на сопругата Милена

Ацо Витанов е во притвор, осомничен е за убиство на сопругата Милена

- Advertisement -spot_img

Мажот на 8 мај беше уапсен во италијанскиот град Пјаченца под сомнение дека ја убил својата сопруга, се наоѓа во притвор и во наредните денови ќе биде испрашуван од истражителите.

Станува збор за 59-годишниот Ацо Витанов, по потекло од Македонија, кој бил приведен во близина на гробиштата каде е погребан неговиот син Методиј, загинат во сообраќајна несреќа во 2020 година. Според италијанските медиуми, непосредно пред апсењето Витанов се обидел да си нанесе повреди со нож на зглобовите, најверојатно во обид за самоубиство. По укажаната лекарска помош, бил однесен во полициската станица на улицата „Виале Беверора“, а неговиот автомобил, со кој побегнал по убиството, е запленет.

Трагедијата се случила во станот на улицата „Виа Пасторе“, каде што семејството живеело со своите деца. Во моментот на нападот, двете помали деца не биле дома, туку престојувале кај свој чичко, додека третото дете веќе извесен период живее одвоено. Според досегашната реконструкција на настанот, Ацо Витанов со нож ја нападнал сопругата Милена Витанова и ѝ нанел смртоносни повреди. По нападот, наводно го фрлил ножот и ги повикал карабињерите.

Мотивот за злосторството засега не е познат. Соседите и познаниците за семејството велат дека биле тивки и мирни луѓе, без видливи проблеми, но дека тешко ја поднеле смртта на нивниот син пред пет години. (П.А.)

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img