Големо признание за прилепското средно училиште СОУ „Орде Чопела“ и за професорката д-р Мирјана Стојческа Ѓорѓиоска, која на Националниот натпревар на ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија беше прогласена за „Наставник на годината“.
Ова значајно признание претставува потврда за нејзината долгогодишна посветеност, креативност и несебична поддршка кон учениците, кои преку нејзиното менторство добиваат поттик за иновативно размислување и развој на претприемачки идеи.

Од училиштето посочуваат дека трудот, ентузијазмот и континуираната поддршка што професорката им ја дава на учениците биле препознаени и наградени на национално ниво, а признанието „Наставник на годината“ претставува голема чест и за самото училиште.

„Честитки за ова значајно признание и благодарност за инспирацијата што секојдневно им ја пренесува на учениците. Горди сме што ваков наставник е дел од нашето училиште“, велат од СОУ „Орде Чопела“.








