Пазарот на недвижности во регионот продолжува да бележи високи цени, а Србија минатата година постави нов рекорд. Вредноста на пазарот на недвижности во 2025 година достигна 8,1 милијарди евра, додека најскапиот квадратен метар стан бил продаден во Белград за 15.298 евра.
Најскапиот стан бил купен на локацијата „Белград на вода“ за 1,8 милиони евра. Во Белград е продадена и најскапата куќа, во општина Савски венец, за 3,8 милиони евра, додека најскапиот гаражен простор достигнал цена од 66.000 евра.
Во Хрватска, и покрај падот на прометот, цените продолжиле да растат. Во 2025 година биле продадени над 20.000 станови, со вкупна вредност од 3,45 милијарди евра. Средната цена изнесувала 2.587 евра за квадратен метар, а најскап регион бил Сплитско-далматинската жупанија со 3.333 евра за квадрат.
Во Црна Гора, просечната цена во првиот квартал од 2026 година достигнала 2.910 евра за квадрат, што е раст од 8,5 проценти. Будва останува најбарана крајбрежна дестинација со 3.344 евра за квадрат, додека странските купувачи учествуваат со речиси две третини од продажбите.








