HomeРегионПијана патничка предизвика тепачка – авион принудно слета во Приштина

Пијана патничка предизвика тепачка – авион принудно слета во Приштина

- Advertisement -spot_img

Инцидент на лет на нискобуџетната компанија „ИзиЏет“ предизвика вистински хаос во воздух, откако авионот што летал од Лондон кон Анталија бил принуден да слета во Приштина поради агресивно однесување на патничка.


Настанот се случил минатата среда, кога, според медиумските извештаи, избувнала жестока расправија меѓу патници која прераснала во физичка пресметка. Сè започнало откако жена, за која се претпоставува дека е британска државјанка, консумирала алкохол за време на летот и во еден момент плукнала во лице на друг патник.


Жената се обидела да стигне до друг патник преку ходникот, при што настанала тензична ситуација. Екипажот веднаш реагирал, а стјуардеса интервенирала за да го смири конфликтот.


Авионот, кој полетал од аеродромот Гетвик, бил пренасочен за околу 1.000 километри од планираната рута и принудно слетал на меѓународниот аеродром во Приштина. По слетувањето, полицијата влегла во авионот и извела двајца патници – маж облечен во зелена маица и жена во розова облека.


Според сведочењата, жената пиела вотка директно од шише пред да го нападне патникот, а во текот на расправијата го навредувала и лицето кое го пријавило нивното однесување на екипажот.
„Седев зад нив и одеднаш слушнав викање и врева. Кога погледнав, не можев да поверувам што се случува. Ситуацијата беше целосно надвор од контрола. Сите патници беа исплашени, а персоналот се обидуваше да ја смири ситуацијата“, изјавил сведок.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img