HomeСветСАД подготвуваат распоредување на „Темен орел“ на Блискиот Исток поради ракетните потези...

САД подготвуваат распоредување на „Темен орел“ на Блискиот Исток поради ракетните потези на Иран

- Advertisement -spot_img

Американската војска размислува за распоредување на своето ново хиперсонично оружје „Темен орел“ на Блискиот Исток, откако Иран ги премести своите балистички ракети надвор од дометот на постојните американски одбранбени системи.

Централната команда на САД побарала ова оружје со долг дострел да биде распоредено во регионот, што значително би ги проширило американските капацитети за брз и прецизен удар, објавија „Блумберг“ и „Фокс њуз диџитал“.

Системот, познат и како „Дарк Игл“, е дизајниран да се движи со хиперсонична брзина и да маневрира во текот на летот, што му овозможува да погодува цели на растојание од над 2.700 километри. За разлика од класичните балистички ракети, неговата непредвидлива траекторија го прави значително потежок за следење и пресретнување.

Ова оружје е особено ефикасно против подвижни и тешко достапни цели, како мобилни ракетни системи, кои досега претставуваа сериозен предизвик за постојните воени технологии.

Американската армија започна со оперативна употреба на „Темен орел“ во декември 2025 година, по серија успешни тестирања и вежби со боево гаѓање. Системот е доделен на специјализирани единици за извршување прецизни напади на долги растојанија.

Според проценките, една ракета чини околу 15 милиони долари, додека целосен борбен систем со лансери и придружна опрема достигнува вредност од околу 2,7 милијарди долари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img