HomeХроникаПет лица лишени од слобода во Тетово – Полицијата со детали

Пет лица лишени од слобода во Тетово – Полицијата со детали

- Advertisement -spot_img

Во текот на 29 и 30 април 2026 година, полициски службеници на повеќе локации во тетовскиот регион лишиле од слобода вкупно пет лица поради управување возила без возачка дозвола.

Првиот случај бил регистриран на 29 април околу 12:00 часот на регионалниот пат Тетово – село Волковија, каде бил запрен мотоцикл управуван од 33-годишник од Тетово. При контролата било утврдено дека возачот нема возачка дозвола, по што бил лишен од слобода, а мотоциклот одземен.

Подоцна, во 13:30 часот на улицата „ЈНА“ во Тетово, полицијата запрела четирицикл управуван од 15-годишен малолетник од село Порој. И тој бил лишен од слобода поради непоседување возачка дозвола, а возилото било одземено.

Во 15:00 часот во село Желино бил затекнат 14-годишен малолетник од село Стримница како управува мотоцикл без дозвола. И во овој случај следувало лишување од слобода и одземање на возилото.

Истиот ден во 17:15 часот на магистралниот пат Гостивар – Стража, бил лишен од слобода 23-годишен жител на село Беловиште, кој управувал патничко возило „голф“ без возачка дозвола.

На 30 април околу 04:00 часот на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, полицијата запрела мотоцикл „гилера“ управуван од 25-годишник од Тетово, кој исто така немал возачка дозвола, по што бил приведен.

По целосно документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img