52-то Народно собрание ќе се состане во четврток, 30 април, во 10:00 часот, објави денес претседателката на Бугарија, Илијана Јотова, БГНЕС.
Веднаш потоа ќе започне постапката за формирање влада.
„Ќе ги следиме уставните текстови“, додаде Јотова. „Убедена сум дека ќе видиме нов, сосема поинаков парламент“, рече претседателката, велејќи дека очекува смели и брзи одлуки.








