HomeМакедонијаМуцунски изрази загриженост по вооружениот инцидент во Вашингтон – Македонија стои заедно...

Муцунски изрази загриженост по вооружениот инцидент во Вашингтон – Македонија стои заедно со САД во заштита на јавната безбедност

- Advertisement -spot_img

По вооружениот инцидент што се случи синоќа за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон, реакциите не стивнуваат.

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа во Вашингтон.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Муцунски нагласи дека насилството нема место во демократските општества, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани.

Тој истакна и дека е олеснето што американскиот претседател Доналд Трамп, првата дама и останатите учесници на настанот се безбедни, при што упати и порака за брзо закрепнување на повредениот припадник на Тајната служба.

Муцунски порача дека Македонија стои заедно со Соединетите Американски Држави во заштита на демократијата, јавната безбедност и принципите на кои се темелат слободните општества.

Инцидентот во Вашингтон предизвика реакции од повеќе меѓународни претставници и повторно го отвори прашањето за безбедноста на јавни политички настани во САД.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img