Норвешката скијачка ѕвезда, Хенрик Кристоферсен, повторно ги разгоре шпекулациите околу можна промена на државјанството, отворајќи ја вратата за својата иднина под австриско знаме. Во интервју за „Скај спортс“, 31-годишниот скијач призна дека би бил среќен да ја формализира својата врска со Австрија, каде што со години живее и гради семеен живот. Тој откри дека веќе проверува дали постои можност за двојно државјанство.
- Доколку се појави шанса, ќе бидам многу среќен – изјави Кристоферсен, потенцирајќи дека неговиот приватен и професионален живот е длабоко поврзан со Салцбург.
Иако моментално не постојат конкретни разговори со Австриската скијачка асоцијација, ниту, пак, јасен план за настап под ново знаме, Кристоферсен не ја исклучува целосно можноста во иднина.








