HomeСветНајевтината европска земја со пиво од 2 евра летово може да биде...

Најевтината европска земја со пиво од 2 евра летово може да биде хит!

- Advertisement -spot_img

Патувањето денес е сè поголем финансиски предизвик. Трошоците за гориво, сместување и дневни активности брзо растат, а многу популарни европски дестинации стануваат недостапни за просечниот патник. Сепак, постојат места кои сè уште нудат интересно искуство по прифатливи цени. Едно од нив е Молдавија – често занемарена, но многу автентична дестинација за оние кои сакаат нешто различно.

Сместена помеѓу Романија и Украина, Молдавија ретко доаѓа до израз при планирањето патувања. Токму затоа привлекува релативно мал број туристи годишно. Сепак, оние кои ја посетуваат најчесто го започнуваат своето патување во главниот град Кишињев. Кишињев е град на контрасти – фузија на старо и ново, каде што советското наследство се испреплетува со модерните погодности. Неговите широки авении и бројните паркови го прават пријатен за истражување пеш. Меѓу поинтересните места се Катедралата на раѓањето Христово и Националниот историски музеј, кои даваат подобар увид во културата и минатото на земјата.

Еден од најголемите богатства на Молдавија е виното. Недалеку од главниот град е Милешти Мици, познат како најголемата винска визба во светот. Неговите подземни коридори се протегаат десетици километри и кријат огромни количини вино. Посетителите можат да го разгледаат овој уникатен комплекс, а дегустацијата е неопходен дел од искуството.

Цените на храната и пијалоците дополнително се во прилог на оваа дестинација. Во рестораните можете да добиете квалитетно вино по многу ниски цени, a особено ќе ве развесели фактот дека пивото чини помалку од две евра, додека другите трошоци се значително пониски отколку во поголемиот дел од Европа. Така сместување може да се најде за само 15 евра, а сметката за ресторан веројатно нема да надмине 10 евра.

За љубителите на историјата и природата, задолжително место кое мора да се посети е Орхејул Вечи. Тоа е стар манастирски комплекс врежан во карпите, кој датира од средниот век. Покрај духовното значење, оваа област нуди и спектакуларни пејзажи, како и археолошки остатоци од античко време.

Ако сакате да излезете од Молдавија и да ја истражите околината, природните убавини во соседна Романија, како што се клисурата Бичаз и Лакул Рошу, нудат одлична можност за патувања во природа. Овие места се особено привлечни за планинарите и љубителите на недопрената природа.

Иако можеби не е меѓу најпознатите туристички дестинации, Молдавија може да понуди автентично искуство, богата култура и прифатлив сместувачки капацитет – комбинација што е сè потешко да се најде денес.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img