Првиот заменик на претседателот на Владата оствари средба со делегација на инвеститори од Турција, од регионите на Истанбул, Анкара и Измир, кои доаѓаат од значајни сектори како енергетика, медицина, дигитализација, градежништво и земјоделство.
На средбата се разговараше за конкретни можности за инвестиции во земјата, како и за унапредување на економската соработка меѓу двете држави. Беше нагласена важноста од создавање поволна деловна клима и обезбедување институционална поддршка за странските инвеститори.
Првиот заменик на претседателот на Владата истакна дека Република Северна Македонија останува посветена на привлекување квалитетни инвестиции и на одржлив економски развој, нудејќи поволни услови за долгорочни и взаемно корисни партнерства.








