Поранешниот врховен судија Наќе Георгиев ќе биде ослободен од затвор ова лето, откако Апелациониот суд во Скопје одлучи да му ја намали затворската казна.
Со оваа одлука, Георгиев нема да остане зад решетки до 2027 година, туку ќе излезе на слобода по околу две години и два месеца издржана казна.
Апелациониот суд ја прифатил неговата жалба во која тој навел добро однесување во затворот, возраст од 63 години и здравствени проблеми како олеснителни околности.
Претходно, Основниот кривичен суд веќе му ја намалил казната, а со последната одлука таа дополнително е скратена.
Георгиев беше осуден за примање мито од 10.000 евра, во случај во кој се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, при што доби тригодишна затворска казна и забрана за вршење судиска функција.








