Синоќа во Белград се случил сериозен инцидент во кој жена (43) е повредена и итно пренесена во Ургентен центар, откако паднала од висина кај хотелот „Србија“. Полицијата извршила увид, а според неофицијални информации во собата било пронајдено проштално писмо. Се уште нема официјални податоци за нејзината здравствена состојба.
Ваквите настани често се поврзани со тешки лични кризи и затоа е важно да постои брза и достапна поддршка.
Во Србија се достапни линии за помош:
- 0800/309-309 (24/7 SOS линија) – стручна психолошка поддршка
- Центар „Срце“: 0800-300-303 (14–23 часот), како и чет и е-пошта
- Ургентна психијатриска служба прима пациенти 24/7, без упат и без плаќање
Ако некој се наоѓа во состојба на силен стрес или криза, разговор со стручно лице или блиска личност може да биде важен прв чекор кон помош.








