HomeРегионУапсени водачот и 12-мина членови на балканскиот наркокартел

Уапсени водачот и 12-мина членови на балканскиот наркокартел

- Advertisement -spot_img

Еден од водечките членови на таканаречениот балкански картел е уапсен во Црна Гора, како дел од обемна меѓународна операција во која, со поддршка на Европол, беа приведени вкупно дванаесетмина осомничени. Акцијата беше спроведена истовремено во Црна Гора и во Германија, каде што беа уапсени четири лица. Криминална мрежа е осомничена за шверц на повеќетонски пратки кокаин во Европската Унија, наведува Европол.

Истрагата, поддржана од црногорската и од германската полиција и од властите во Австрија и во Шпанија, се фокусираше на криминална ќелија вклучена во меѓународна трговија со кокаин и канабис во големи размери. Се верува дека осомничените имале различни улоги во рамките на криминалната организација, од финансиери до координатори и логистичари задолжени за транспорт.

Судските органи во Црна Гора ги товарат осомничените за вмешаност во трговијата со 2,7 тони кокаин и 1,5 тони канабис помеѓу октомври 2024 година и април оваа година. Дрогата е запленета во 12 различни, претходни операции во неколку земји од ЕУ и Јужна Америка. Се верува дека мрежата за шверц користела поморски и воздушни патишта, транспортирајќи дрога во контејнери за превоз и други тајни методи. Покрај за кокаинот, тие се осомничени и за шверц на канабис во ЕУ од Албанија, Тајланд и САД.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img