Актерот Тони Михајловски ја доби наградата за најдобар актер на фестивалот „Актерски свечености – Миливоје Живановиќ“ во Пожаревац, за улогата во претставата „Народен пратеник“.
Во ист ден, во Велес, актерката Тања Кочовска првпат доби фестивалска награда во Македонија, освојувајќи признание за најдобра споредна женска улога на фестивалот „5РЕ“, исто така за улога во „Народен пратеник“.
Двајцата се дел од ансамблот на Македонски народен театар, а претставата е во режија на Егон Савин.








