HomeМакедонијаМуцунски и Варнс ја потврдија стратешката соработка, во фокус подготовките за дијалог...

Муцунски и Варнс ја потврдија стратешката соработка, во фокус подготовките за дијалог во Вашингтон

- Advertisement -spot_img

Министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски информираше дека остварил средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс.

-На средбата го потврдивме високиот степен на развој на билатералните односи и стратешкото партнерство меѓу двете земји. Во таа насока, разговаравме за продолжување на активностите во рамки на Стратешкиот дијалог, како и за подготовките за вториот стратешки дијалог, што ќе се одржи следниот месец во Вашингтон. Ја реафирмирав посветеноста на Владата кон понатамошно продлабочување на билатералната соработка – напиша Муцунски.

На средбата бил ставен посебен акцент на економската соработка и можностите за привлекување нови инвестиции, како и на реформските процеси поврзани со владеењето на правото и демократијата.

-Разговаравме и за улогата на нашата земја како фактор на стабилност во регионот, како и за актуелните глобални прашања, вклучително и случувањата на Блискиот Исток – напиша Муцунски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img