52-годишник од Гевгелија е тешко повреден при судур меѓу два мопеда. Едниот возча кој бил малолетен го напуштил местото на несреќата, но подоцна бил пронајден од полицијата.
– Вчера околу 13:30 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека околу 12:55 часот на крстосница од ул.„Деко Ковачев“ и ул.„Миле Пецанов“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од К.Ч.(52) од Гевгелија и мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, по што малолетникот со мотоциклот го напуштил местото, но набргу е пронајден и со него бил извршен службен разговор во присуство на родител, соопштија од полицијата.
.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.Ч., констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Гевгелија.








