HomeМакедонијаПлата до 3.000 евра – сезонците веќе ги пакуваат куферите

Плата до 3.000 евра – сезонците веќе ги пакуваат куферите

- Advertisement -spot_img

На популарната платформа Редит, корисниците сè почесто разменуваат искуства за сезонски работи, а деновиве се отвори дискусија за тоа каде е најисплатливо да се работи летово, особено во Црна Гора.

Еден корисник, кој досега не работел надвор од земјата, побара совети за тоа кои места нудат најмногу можности, кои позиции се најбарани и што е најсоодветно за почетници со искуство како келнери или шанкери.

Според дел од искуствата, Црна Гора не секогаш е најдобрата опција.

Може да се заработи, но не нешто посебно. Освен можеби во Котор или Будва, во познати локали, но и таму платите се пониски, а се работи по 10-12 часа дневно, често без слободен ден – наведува еден од корисниците, додавајќи дека Хрватска нуди подобри услови.

Се отвори и прашањето кога е најдобро да се аплицира. Дел од корисниците велат дека апликациите почнуваат уште во декември и јануари, додека други сметаат дека е доволно еден месец пред почетокот на сезоната.

Во однос на работните позиции, најбарани се келнери, готвачи, помошни готвачи, работници во кујна, хигиеничари и собарки. Потребни се и рецепционери, аниматори, продавачи и работници за одржување.

Платите варираат во зависност од позицијата:

Келнери: 1.200 – 1.600 евра

Бармени: 1.400 – 1.600 евра

Рецепционери: 1.300 – 1.500 евра

Одржување: 1.100 – 1.300 евра

Продавачи: до 1.800 евра

Во кујната побарувачката е најголема, а и платите се повисоки:

Готвачи: 1.800 – 2.500 евра

Шефови на кујна: до 3.000 евра

Пица мајстори: 1.900 – 2.500 евра

Помошен персонал: 900 – 1.800 евра

Голема предност е што работодавачите најчесто обезбедуваат сместување и храна, што значително ги намалува трошоците. Поради тоа, многумина за една сезона успеваат да заработат меѓу 5.000 и 8.000 евра.

Сезоната обично започнува во мај, достигнува врв во јули и август, а трае до септември или октомври.

Сепак, и покрај солидните заработки, работата не е лесна. Често се работи повеќе од осум часа дневно, без слободен ден во шпицот на сезоната, а условите за сместување зависат од работодавачот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img